На гастарбајтер во Битола му украле 14.200 евра

0
1877

Л.М. (45) од с.Доленци, кој живее во Германија, вчера во полициска станица Битола пријавил дека во периодот од 10.00 часот на 24.03.2017 до 10.00 часот на 25.03.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан на ул. „Михајло Андоновски“ во Битола.

Сторителот со употреба на подесен предмет ја отворил влезната врата, влегол внатре и украл 14.200 евра, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.