На групата од Сардинија им се допаѓа битолскиот леб

0
1444

sardinija 31 3Ни дојдоа од Сардинија, ги сретнавме во срцето на Старата битолска Чаршија, на широкот пред Малиот Битолски Монмарт како на битолчани им играа и им ја прикажуваа својата традиционална носија од дедо на внук предадвана со генерации.

Џакомо од Сардинија Италија вели дека многу му се допаѓа Битола каде е прв пат и дека нашиов град е многу сличен со неговиот.

Слично било како кај нив сакаат да се вратат и навистина им се допаднала македонската кујна

sardinija 4Друг член на групата ни призна дека му се допаѓа во Битола и дека нема проблем со храната дека се е вкусно а посебно лебот.Негова пријателка ни каѓа дека улиците, продваниците и ноќниот живот овде и се допаѓаат.

Дел и од романците најдовме на истото место.

sardinija 3Девојка од Романија ни кажа дека Битола и се допаѓа бидејќи е стар град полн со историја.

Овие две групи денеска со свои народни танци ги нагостија битолчани кои беше испоседнале покрај чешмата во чаршијата во ладовина и уживаа во глетката од гостите кои дојдоа во Битола како дел од Републичкиот фестивал Илинденски денови.