На јужната граница мирно

0
456

Четворицата припадници на македонските безбедносни сили, кои вчера беа повредени од економските мигранти на јужната граница, ноќта ја поминале стабилно во Општата болница Гевгелија. Утрово, сите биле пуштени дома.

Од Министерството за здравство вчера информираа дека двајца од полицајците добиле удари во пределот на главата преку шлем, еден во пределот на натколеницата и еден во пределот на абдоменот.

Утре во земјава се очекува да пристигне специјализиран тим од Европската унија кој ќе врши процена за поставување опрема за регистрација на бегалци на јужната граница. Опремата се очекува да ја олесни работата на безбедносните служби за контрола на бегалците кои ќе поминат низ македонска територија.

Без коментари

LEAVE A REPLY