На кои празници нема да работиме

0
848

Македонија е една од земјите каде има многу празници кои се прогласени за неработни денови. На старт многу критики дека од празнување и неработење ќе заборавиме на работата, за потоа календарот на неработни денови да ни биде многу битен, па се листа и прелистува кога ќе бидеме дома, односно кога нема да бидеме на работа.

Особено тажно се гледа на празниците кога паѓаат во сабота или недела. Пример за тоа е сега празникот пред нас 28 август  Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). Оваа година е во недела. И прашањето дали понеделникот ќе биде неработен ден?

Законот кој е донесен уште во 1998 година во членот три вели дека празниците од членот 2 ( а тој се однесува пак само на државните празници) се неработни денови.
Доколку празниците од членот 2 на овој закон паѓаат во недела, наредниот
ден се смета за неработен.

Во тој закон од 1998 се вели дека Во Република Македонија се празнуваат и неработни денови се: – првиот ден на Божиќ и вториот ден на Велигден за верниците од
христијанската вероисповест; – првиот ден на Рамазан Бајрам и првиот ден на Курбан Бајрам за верниците од исламската вероисповест и – првиот ден на Јом Кипур за припадниците на Еврејската заедница. Во неработните денови од членовите 2 и 4 на овој закон, работникот има  право на надомест на плата, односно на зголемена плата во согласност со
закон и колективен договор.

Во 2007 година направени се измен и “Во Република Македонија се празнуваат и неработни денови за верниците од православната вероисповед се Бадник, ден пред Божик, Богојавление (Водици); Велики Петок, петок пред Велигден; Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) и – Духовден, петок пред Духовден. Во Република Македонија се празнуваат и неработни денови се: – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам за верниците од муслиманската вероисповед; Ден на албанската азбука за припадниците на албанската заедница; Ден на настава на турски јазик за припадниците на турската заедница; – Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур за припадниците на еврејската заедница; – првиот ден на Божик, вториот ден на Велигден и Празникот на сите светци, според Грегоријанскиот календар за верниците од католичката
вероисповед; Свети Сава за припадниците на српската заедница; Меѓународен ден на Ромите за припадниците на ромската заедница;
Национален ден на Власите за припадниците на влашката
заедница ,Септември, Меѓународен ден на Бошњаците за припадниците на
бошњачката заедница. ”