На конвенција промовирана Петровска за градоначалник и кандидатите за советници

0
1754

На конвенција синоќа во хотелот Епинал во Битола беше промовирана кандидатката за градоначалник на СДСМ и нивната коалиција за Битола, а беа претставени и кандидатите од листата на советници на нивната коалиција за Советот на општина Битола.

Пред присутните таа ја претстави програмата со која ќе ја бара довербата на битолчани. Се обрати и локалниот лидер на партијата Васко Ковачевски и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

Носителот на листата на советничката група Валентин Груевски рече дека тие се подготвени за како што рече сиктер кафето за стариот градоначалник и дека Петровска и нивната листа ќе ја освојат победата на изборите.

Без коментари