На Крит земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер

0
345

Земјотрес со јачина на ударот од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Средоземно Море, крај брегот на грчкиот остров Крит, пренесе ТАСС, повикувајќи се на американскиот Геофизички институт.

Епицентарот на потресот бил на околу 43 километри од јужното крајбрежје на Крит, на длабочина од 16 километри.

Засега нема информации за настрадани лица или разурнувања, ниту за опасност од цунами.

Без коментари