На Kркардаш во чест на Св. 40 маченици

0
615

Повеста за страдањето на битолските маченици почнала во втората половина на 14 век, кога османлиските војски тргнале да завладеат со Балканот. Откако го освоиле Прилеп, ја опколиле и Битола. Но, тука наишле на отпор од населението кое било многу религиозно, на што укажуваат и податоците дека во Битола во тоа време имало седумдесет цркви и манастири, па била нарекувана и Манастир.
Се верува дека во тоа време проповедниците на верата, претежно млади монаси, триесет и деветмина, се повлекле во манастирот „Свети Георгиј Победоносец“. Оттаму го храбреле народот да се бори за својата вера. Останале раскажувања дека, по пат на предавство, османлиите успеале да дознаат каде се криеле монасите, па ги заробиле. Се обиделе со ветување богатство да ја скршат нивната вера и отпор, потоа и ги измачувале, но с` било попусто. Ним дури им се придружил и Турчин, кој бил трогнат од нивната духовна длабочина. По ова, османлиите сите четириесетмина ги изнеле на битолскиот Баир и ги убиле. Нивните тела потоа биле однесени на Баба Планина, каде што им се изгубила трагата.
Местото на кое биле убиени до денес се нарекува Kркардаш, кованица од турските зборови “kirk” и “kardas” што значи „четириесет браќа“.
Црквичката е изградена точно до големиот бел камен крај кој биле убиени 40-те маченици. Kаменот и денес е неделив дел од црквата. Прилепен е однадвор на еден од ѕидовите, па тука верниците палат свеќи. Од другата страна на ѕидот, внатре во црквата, направено е посебно место со икони и кандила, а тече и лековита вода.

Македонската православна црква, со свечена божествена литургија во црквата Свети Великомаченик Димитрија ги канонизира светите 40 битолски маченици. Иконата на 40 маченици со црковен оркестар и поворка прошета низ Битола меѓу верниците, на Магнолија се одржа почесно слово во нивна чест. 40 бели гулаби летнаа во знак на нивното возвишение за оние кои настрадале за верата нежалејќи го својот живот за верата при опсадата на Битола од страна на Османлиите во 1385 година.

фото: Битола стари фотографии