На Локалните избори право на глас ќе имаат 1.814.644 граѓани

0
252

Право на глас на претстојните Локални избори што ќе бидат одржани на 15 октомври годинава, ќе имаат 1.814.644 гласачи, соопшти денеска Државната изборна комисија по заклучувањето на Избирачкиот список и спроведените промени кои произлегоа од јавниот увид.

Во изводите од Избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.882 за време на изборите ќе се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

Шестите локални избори во Македонија, на 15 октомври, ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври.

Без коментари