На лондонски Хитроу евакуација на патниците од „American Airlines“

0
794

Патници до авион од типот „Airbus А330“ итно се евакуирани во неделата околу пладне на пистата кај терминалот 3 на лондонскиот меѓународен аеродром Хитроу, пренесува интернет изданието на таблоидот The Sun.
Според весникот, причината за евакуација на патниците и екипажот бил чад во авионот на летот AA731 од Лондон до американскиот град Шарлот.

Според очевидци патниците биле евакуирани од леталото преку помошните лизгалки на дување за итни случаи. Некои од сведоците велат дека бил забележан оган на моторите пред да авионот да започне да се движи по пистата.

Портпаролот на воздухопловната компанија „American Airlines“ изјавил дека се свесни за проблемите со еден од нивните авиони и оти се проверуваат деталите од инцидентот. Портпаролот на Хутроу, пак, изјавил дека сите патници биле евакуирани безбедно, но не прецизирал за колкав број станува збор.

И двајцата рекле дека леталото е однесено на техничка проверка. Причинат за појавата на чадот во кабината засега е непозната, а спасувачките екипи и натаму се на пистата во близина на авионот./крај/мф/сн