На лозје кај Јошевски во пресрет на Св.Трифун

0
577

Свети Трифун и винарите се асоцијација на добро позната приказна .Ако изминатите години на овој празник зборувавме за историјата корените на празнувањето и слично ,за славењето на свети триифун оваа година ви ја раскажуваме приказната на огледувач на лоза Пеце Јошевски .

-Ова лозје е садено во времето на српската Династија, и тогаш преовладуваше најмногу прокупецот и пловдината како сорта а во народот е познато како лисичино грозје. Со текот на годините посадив и други сорти, сега имам и шардоне, изјави Пеце Јошевски

Тој вели дека за да биде плодна лозата треба предвремено прскање, и основен алат кој што треба да го поседува секој лозар тоа била ножицата .Според народните верувања ако на денот св Трифун  врне дожд или снег, годината ќе биде плодна, а ако е вердо  сушна и јалова. Вели Јошевски и додава дека верува во преданијата за св Трифун .

За Јошевски постои  уште едно верување.

-Јас секогаш во лозјето ставм крст, а се верува дека крстот е заштитник од непогоди, додаде Јошевски.

 

Ни ја раскажа неговата приказна за лозјето ни ги кажа неговите верувања за св Трифун и на крај приказната ја завршивме со чаша црвено вино