На Македонија и е потребна полиција за животните

0
467

Обесеното куче во Росоман, потоа и фотографијата со кучето на чие тело некој напишал куче, се последните примери кои ја револтираа јавноста, за тоа каков е односот на човекот кон животните.

Од Мали херои со реакција за овој случај.

„ За жал сите овие изживувања кои се случуваат врз животните во Македонија се само одраз на многу ниската култура и свест како и недостатокот на емпатија кај голем број на луѓе. Психологијата не е во наш домен, но доколку измачувањето на живо суштество со свест и чувства на некого му претставува задоволство, тогаш јасно е дека тука навистина нешто не е во ред. Бараме ситуацијата да се сфати посериозно и редовно да се преземаат санкции против виновните за измачување и нехуман третман на животните, само така ќе стигнеме до поголема благосостојба за животните и живот без страдање. Апелираме до сите сведоци на вакви немили настани да не се плашат да пријават, вие сте единствениот глас на животните и нивна надеж за правда“.

По зачестените убиства и малтретирања на животни во Македонија, група граѓани кои се дел од Фејсбук групата Петиција за основање “animal police” во Македонија, изготвија законско решение за основање на полиција за животните во Македонија.

“ANIMAL POLICE” исто така треба да ја спроведува кампањата за подигање на свеста на јавноста и граѓаните за одговорноста на власниците на домашни миленици, бескомпромисно и детално да ги истражува, решава и спречува сите случаи на злосторство над животните.   Да се воведе одредба за добробитта на животните во Уставот на Република Македонија.

„Животните имаат право на живот во согласност со својот вид и законот.“Да се изменат членовите од постоечкиот Кривичен Закон:(1) Оној што ќе убие, повреди или мачи животно кршејќи ги прописите, ќе се казни со парична казна или со затвор до 6 месеци.(2) Ако по делото од став 1.
Од овој член дошло до убивање, маќење или повредување на поголем број животни, или, пак, делото е сторено во однос на животно што им припаѓа на заштитени животински видови, сторителот ќе се казни со парична казна или казна затвор до 3 (три) години.
Оној , којшто кршејќи ги прописите на жиовотното ќе му нанесе полесни телесни повреди или го мачи животното, ќе се казни со парична казна во износ од 30 000 денари и 150 часови општествено корисна работа (во некои од засолништата за незгрижените животни.)

Оној , што кршејќи ги прописите на животното ќе му нанесе тешки телесни повреди, ќе се казни со парична казна во износ од 60 000 денари и со затвор од 6 (шест) месеци до 2 (две) години и 300часови општествено корисна работа (во некои од засолништата за незгрижени животни.)

Поголема кампања и осуда во медиумите на нехуманото убиство на животни, бараат тие и велат дека во целиот овој процес на разгледување и донесување на законот и одредбите,  активно треба да бидат вклучени најмалку пет здруженија за заштита на животните”.