На македонско-грчката граница повредени тројца полицајци

0
394

Тројца полицајци утрово се повредени во судири со мигрантите на македонско-грчката граница.

Повредените полицајци се префрлени во медицинскиот центар во Гевгелија. Од МВР велат дека тензиите се уште траат и се работи на смирување на состојбата. Од ресорното министерство очекуваат дека бројот на повредени во текот на денот може да се зголеми, бидејќи ситуацијата е напната и мигрантите сакаат да влезат во земјава.