На масата на Џафери и албанското знаме

0
1404

Остри реакции на социјалните мрежи за потегот на Талат Џафери кој денеска влезе во претседателскиот кабинет во Собранието на Македонија.

Покрај македонското и знамето на ЕУ го постави и албанското знаме.

„ДОМ остро реагира на поставувањето знаме на друга држава во кабинетот на претседателот на Собранието. Собранието е симбол за парламентарната демократија на Република Македонија како држава, а функцијата Претседател на Собранието е втора највисока функција по значење.

Знамето е државен, а не национален симбол. Затоа ваков гест е апсолутно неприфатлив и спротивен на Уставот и законите и ги повредува чувствата на сите граѓани кои Македонија ја почитуваат како своја држава“ велат од ДОМ.

Професорката на Правниот факултет Каролина Ристова-Астеруд, како што пишува порталот МКД.мк. која исто така беше пратеничка во Собранието, на својот Фејсбук профил напиша реакција, порачувајќи му „не со вакви подмолни итарпејовски силувања“.

За ТМРО денешната провокација на  Џафери со незаконско ставање албанско знаме во законодавниот дом на Република Македонија е кривично дело и директен атак на македонската држава.