На митинг на ВМРО-ДПМНЕ уапсено е лице што со спреј се обидело да го испрска Груевски

0
586

Р.Р. (36) синоќа бил приведен во полициска станица откако со гасен спреј, солзавец, се обидел да го испрска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на партискиот митинг во скопската општина Центар.

Во полициската станица се пријавило и друго лице, Д.Г. (29), кое изјавило дека додека присуствувал на митингот бил испрскан со спреј од Р.Р.

Инцидентот се случил за време на партискиот митинг пред хотел „Јадран“ во моментот додека на бината бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Р.Р. се обидел да се качи на бината, но бил запрен од обезбедувањето.

По интервенцијата на полицијата Р.Р. бил однесен во полициската станица Беко, информираат од МВР.

www.mkd.mk