На митинг во Битола претставен кандидатот за градоначалник и листата на советници

0
1435

Синоќа во Битола се одржа предизборен митинг на ВМРО ДПМНЕ и нивната коалиција на кој беше претставен кандидатот за градоначалник Илиоски и советничката листа.

„На локалните избори на 15 октомври ќе гласате истовремено и за иднината на нашата држава, Република Македонија која денес поминува низ еден од поголемите предизвици во својата понова независна историја. Битола е град со висока европска гласачка култура, изразен комсполитски дух и висок демократски капацитет“ рече кандидатот за градоначалник Илиоски.

Потенцираше дека Битола ја гледа како град на млади луѓе кои се убедени оти токму таму ќе ја градат својата иднина.

„Битола заслужува да биде град со сите урбани обележја во кој жителите нема да се грижат за кал и дупки на улиците, чиста и безбедна вода за пиење, соодветно депониран смет. Широксока заслужува да биде посакувана дестинација на патници и туристи на кои треба да им покажеме што имала, што сочувала, но и што направила Битола. Битола мора да биде град на сите“ нагласи Илиоски.

Тој рече и дека власта исто така врши притисоци кон странските инвеститори и оти ги гледаат како натрапници.

-Знаете зошто ги гледаат така? Затоа што во Владата влегоа луѓе кои што се газди на фабрики и тие не се среќни кога доаѓаат крупни мултинационални компании, вработуваат луѓе, нудат работа и на невработени и на оние што се во нивните фирми вработени. Така ги принудуваат да ги зголемат платите, појасни Груевски.

На предизборниот митинг се обрати и носителот на листата на оваа коалиција за Советот на општина Битола Борче Димитровски.

Пред присутните зборуваше и Живко Јанкуловски претседател на партијата ПОДЕМ која е дел од коалицијата со ВМРО ДПМНЕ.

Без коментари