На митингот на Трамп се тепале приврзаници и противници

0
244

На митингот на кандидатот за претседател на САД од редовите на републиканците, Доналд Трамп во Њујорк имало неколку инциденти, при што неговите поддржувачи и противници се тепале, потврди полицијата.

Полицискиот комесар од округот Насау, Томас Крамптер изјави за новинарите дека на собирот се уапсени две лица кои се тепале. Исто така шест луѓе се однесени во болница, а седум добиле помош на лице место заради несвестица и дехидрирање, пишува АП.

Крамптер вели дека неколку стотини полицајци биле на лице место, а овој настан ја чинел полицијата помеѓу 300.000 и 400.000 долари.

Слични нереди и инциденти имаше и при митингот на Трамп во Чикаго.