На неполни две години близначките Ана и Ања го искачија Триглав

0
16031

На неполни две години близначките Ана и Ања го искачија највисокиот врв во Словенија , врвот Триглав на 2864 метри . Желбата од пред две години на мајката Наташа Стевановска Илиева се исполнила, вели битолчанецот Јоце Смилевски кој што е член на планинарските друштва „Ѓорѓи Наумов“ и „Пелистер“ од Битола.

Раскажува дека во неговото досегашно планинарско искуство, а е планинар 25 години, ова за него било голем предзвик, бидијќе во својот ранец на грб ја носел малата Ања. Кај таткото Трајче Илиев во ранецот била малата Ана а пак мајката ги носела потребите за децата.

– Тоа беше желба на мајката Наташа да го искачиме врвот Триглав кој што е еден од најтешките врвови за искачување на бившите југословенски простори.Заедно со Наташа ние по втор пат го искачуваме овај врв, вели Смилевски

Искачувањето било во пресрет на Илинден, и за среќа, како што вели, Смилевски поминало во најдобар ред. Раскажува дека по шестчасовно пешачење стигнале до планинскиот дом на 2 332 метри надморска височина каде и ноќевале, а следниот ден продолжиле до зацртана цел, искачување до врвот Триглав.

-Два дена траеше турата. Едниот ден се искачивме до Планика , потоа другиот ден станавме рано и од Планинка се искачивме до врвот.Иако магловито беше време, децата се добро поднесоа, вели Јоце Смилевски

Првиот поголем планинарски подвиг 59 годишниот Јоце Смилевски го имал во 1998 година кога го искачил Мон Блан, потоа следело освојување на голем број други врвови, а предизвик му е да го искачи Хималаите

-Јас сум планинар долги години. Првото искачување ми беше во 98 година на Мон Блан, потоа следеа искачување на Конкагва, Елбрус-Русија, Монте Роса два пати, Олимп 29 пати, Мусала 14 пати, Вихрем 9 пати, сум учествувал на водени лудории, на ноќни трки, планинарски трчања, каде што сум освоил голем број на први, втори и трети места, но сон на секој планинар, па и мене ми е искачување на Хималаите. Тоа е мојот следен предизвик, вели Смилевски.

Велат дека кога некош нешто многу посакуваме тоа и ќе се исполни. Сонот на мајката Наташа стана реалност. Ваквиот нивни подвиг е своевидна честитка за големиот Илинден.

 

Без коментари