На нива му пукал в стомак, па се пријавил в полиција

0
1064

На 05.07.2016 година околу 20,00 часот во с.Чепигово-Прилеп, на м.в.„Бревче“, во близина на нивата сопственост на Р.Т.(35) од с.Чепигово, додека М.С.(22) од с.Бела Црква, го напасувал добитокот, со ПМВ„Фиат Типо“ со прилепски регистарски ознаки, застанал Р.Т., при што настанала меѓусебна расправија, во која М.С. извадил пиштол „ЦЗ“ калибар 9мм (кој со дозвола го поседувал неговиот татко) и испукал еден куршум во Р.Т., кој се здобил со влезно-излезна рана во пределот на стомакот. Р.Т. е пренесен во ОБ-Прилеп и е вон животна опасност. Како причина се наведуваат нарушени меѓучовечки односи. Во 22,10 часот, М.С. сам се пријавил во ПС-Прилеп. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.