На Отворената сцена синоќа се одржа фестивалот „Константин и Елена“

0
3707

Под отворено небо, за прв пат на Отворената летна сцена синоќа се одржа четвртото издание на фестивалот на дуети „Константин и Елена“ во Могила. Голем број гости од општината, од околните села, и голем број иселеници синоќа имаа можност да ги слушнат новокомпонираните 24 песни од познати изведувачи од Македонската естрада.

mogila 3

Многу музички имиња од домашната сцена со македонски песни песни и ора беа дел од фестивалот на дуети . Меѓу нив и дуетот кој што е долги години на сцената а во Могила доаѓаат по втор пат. Пред 30 години одржале концерт во оваа општина

selimova zelcevski

Синоќа фестифалот наликуваше и на иселеничка средба .Нашинци од сите страни на светот, луѓе кои што недошле 20 до 30 години во Могила, повторно меѓу своите. Дојде и еден од основачите на фестивалот

mogila 2

Сите песни што синоќа беа изведени ставени се и на цд. Покровител на фестивалот „Константин и Елена“ е општина Могила .

mogila 4

Овај фестивал е почеток на културното лето во Могила во кој што спаѓаат и Добрушебвските и Петровденските средби.