На отворениот ден во Економско, презентирани виртуелните компании со реален партнер

0
2103

– Денес имаме отворен ден во функција на презентација на нашите реални фирми кои се во дел од воспитно-образовниот процес и спортски активности кои традиционално се спроведуваат во чест на наш починат колега, организацијата е скромна но се е во функција на учениците односно она што е наша дејност а тоа е образовното воспитната дејност на училиштето, изјави Ратка Анастасовска, директор на СОУ Јане Сандански

– Во склоп на прославата на патрониот празник се организира отворен ден каде што се презентираат нашите реални компании односно виртуелни со реален партнер тие компании се всушност тренинг центри за се она што сме го изучиле во текот на четиригодишното образование од страна на стручните предмети да се примени практично во основање во работење на компанија се до нејзино затварање,  Наташа Жолева, професор

-Ние сме виртуелна училишна компанија под менторство на професорката Соња Карапашовска се заниаваме со дистрибуција на вино и сме главни дистрибутери на Кока Кола, наши реални партнери се Сковин и Премиум пиво и благодарност до нив за подршката што ни ја дадоја, изјави Марија Начковска, ученик.