На пат кон Европа се 30 милиони бегалци

0
629

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека 30-35 милиони бегалци се на пат кон Европа и дека поради тоа јакнењето на границите има клучено значење.

Сијарто во интервју за весникот „Маџар идок“ нагласува дека ЕУ ја занемарила заштитата на своите граници и дека европските лидери се плашат работите да ги наречат со вистинско име, бидејќи им е полесно да ги критикуваат тие што работат.

Според унгарскиот министер европските лидери постапуваат врз основа на лажни информации на меѓународните медиуми, како и дека на Унгарија и е јасно дека Европа не може да прими стотина илјади или милиони економски мигранти.