На пазар или во маркет- Каде битолчани купуваат овошје и зеленчук?

0
2473

Големите маркети во кои се продава овошје и зеленчук се огромна конкуренција на пазарџиите што традиционално ги снабдуваат граѓаните со овие намирници на зелените пазари.

Денес, повеќе од кога било, луѓето се грижат за исхраната и за потеклото на овошјето и зеленчукот кои ги внесуваат. Сакаат да купуваат свежи, природно одгледани намирници, без никакви вештачки додатоци. Сепак, пазарите секојдневно се полни со граѓани кои ја следат навиката да поминат таму и да се снабдат со свежо овошје и зеленчук. Додека пак во маркетите не случајно секогасх на почеток стоои овошјето и зеленчукот
Некои купуваат од места каде што им е поблиску, но некои обрнуваат внимание на квалитетот, за тоа ги прашавме битолчани каде најчесто купуваат овошје и зеленчук?

Поголемиот дел од анкетираните битолчани рекоја дека купуваат од пазарите бидејќи таму овошјето и зеленчукот е пресен.

Повеќето продукти се сметаат за локални, ако се одгледувале на неколку километри од местото, но повеќето пазарџии всушност не ја одгледуваат робата која што ја продаваат, туку ја набавуваат од друго место.
Ако продуктите се одгледувани на природен начин, тоа значи дека се 100% органски. Но, за тоа мора да го прашате продавачот.
Најголемата причина поради која одиме на пазар е токму тоа што сакаме да избереме свежи производи кои што ќе траат подолго. Робата на пазар се бери неколку дена пред самиот пазар, па е многу посвежа од онаа во маркетите. Сепак, добро е да го прашате пазарџијата кога се собрани и до кога би траеле.

Без коментари