На полноќ истекува рокот за предлози за членови на општинските изборни комисии

0
618

Рокот за поднесување на предлози за членови на општинските изборни комисии од страна на партиите истекува вечерва на полноќ. Потоа, општинската изборна комисија треба да провери дали предложениот кандидат ги исполнува условите предвидени во Изборниот законик и да ја достави листата на предлози до Државната изборна комисија.

Државната изборна комисија упати повик до претседателите на општинските изборни комисии, до членовите и до нивните заменици, веднаш да одржат конститутивна седница и да стапат во контакт со раководните лица од претходниот мандат со цел да извршат примопредавање на печатот на Комисијата и на останатиот материјал.

Во писмото, потпишано од претседателот на ДИК Александар Чичаковски, се наведува дека новиот состав на општинските изборни комисии треба да стапи во контакт со градоначалникот на општината со цел комисиите да добијат просторни и други услови за работа, а просторијата која ќе им биде доделена треба да биде видно означена.

ДИК наведува дека општинските изборни комисии во текот на денешниот ден треба да бидат постојано на располагање бидејќи денеска е последниот ден кога претставниците на политичките партии треба да достават свои предлози за членови во општинските изборни комисии.

„Општинските изборни комисии се должни веднаш да достават до Државната изборна комисија известување за состојбата со избирачките одбори, односно да ја известат ДИК за тоа на колку лица од избирачките одбори им е престанат мандатот врз разни основи и на кои позиции биле“, се наведува во барањето од ДИК до општинските изборни комисии.

Во меѓувреме, само ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат доставено предлози за членови за изборните комисии до Државната изборна комисија, кои се однесуваат на членови во изборните комисии во дипломатско-конзуларните претставништва.

Рокот за поднесување на предлози за членови на општинските изборни комисии од страна на партиите истекува вечерва на полноќ. Потоа, општинската изборна комисија треба да провери дали предложениот кандидат ги исполнува условите предвидени во Изборниот законик и да ја достави листата на предлози до Државната изборна комисија.

Без коментари

LEAVE A REPLY