На претседателските избори во Австрија победа на десницата

0
348

Првичните резултати од вчерашниот прв круг на претседателските избори во Австрија покажуваат дека победил кандидатот на крајно десничарската Партија на слободата, Норберт Хофер.Тој доби 36 насто од гласовите, а неговата кампања се засноваше врз антиимигрантска и антиевропска платформа. Хофер во вториот круг ќе се соочи најверојатно со Александар ва дер Белен кој е поддржан од зелените или со независниот кандидатка Ирмгард Грис, поранешна судијка која би можело да стане прва жена претседател на Австрија. Вториот круг треба да се одржи на 22 мај.