На протестите во Франција повредени над 70 полицајци

0
474

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев изјави во петокот дека на протестите од четвртокот против реформите на законот за работни односи во Париз и во другите градови низ земјата повредени се вкупно 78 полицајци, а уапсени се 214 лица.

Претходно во четвртокот вечерта француската полиција објави дека се повредени 24 нејзини службеници, од кои тројца тешко, како дека во врска со тоа биле приведени 124 демонстранти, главно млади лица.

„Вчера 78 полицајци беа повредени, некои беа многу сериозно повредени во Париз“, го цитира AFP министерот Казнев. Според него, во текот на протестите биле приведени 2014 луѓе, а неколку демонстранти, исто така, биле повредени.

Новиот бран немири во текот на масовните демонстрации ги зафати француските градови во четвртокот, а покрај во престолнината Париз, масовни протести се одржаа и во Марсеј, Нант, Авр, и друг. Според процената на полицијата на протестите учествувале 170.000 луѓе, додека организаторите главниот француски синдикат CGT на кого му се приклучија и студентските движења и синдикати, на улиците излегле 500.000 луѓе.

При изразувањето на негодувањата, помали групи млади лица со качулки и со прекриени лица, демонстрантите разбиваат излози на дуќаните, палат автомобили и ги напаѓаат полицајците./крај/мф/сн