На ред да сведочи е Мијалков

0
355

Анкетната комисија за прислушувањето и денеска ќе продолжи со седницата, на која која, според најавениот редослед од претседателот на Комисијата Петре Шилегов, треба да сведочи, поранешниот директор на ДБК Сашо Мијалков.

Шилегов вчера рече дека се сомнева оти Мијалков ќе се појави на седницата. Досега никој од повиканите сведоци не дојде.

Премиерот Груевски кој требаше да биде прв сведок во скандалот со прислушувањето пред собраниската комисија, поради службен пат во Израел, најави дека ќе сведочи на 14. декември, в понеделник, за кога е на ред и сведочењето на екс – министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Вчера не се појавија ниту советникот на премиерот Мартин Протуѓер, ниту министерот за финансии Зоран Ставрески. И додека Протуѓер не се изјаснил, ниту усно ниту писмено дали ќе присуствува на седницата, Ставрески информирал дека може да сведочи во Комисијата на 17. декември.

Во текот на вчерашната седница, партиите не можеа да постигнат ниту минимална согласност за отпочнување на работата на Комисијата. Членовите си реплицираа со процедурални надмудрувања, дури и по формалното затворање на седниците.