На севернокорејците им се згреши

0
404

Северна Кореја се обиде и не успеа да лансира балистичка ракета за која експертите веруваат дека е од среден дострел, која изолираната комунистичка земја се обидува да ја развие и покрај меѓународните санкции воведени поради претходните такви обиди.

Неуспешното лансирање, кое се случи на денот кога земјата го слави „Денот на сонцето“, односно роденденот на дедото на актуелниот лидер и нејзин основач Ким Ил Сунг, следи откако земјата во јануари изведе четврти нуклеарен тест и во февруари лансираше ракета со долг дострел, што предизвика нови санкции на ОН.

Но Пјонгјанг и покрај тоа продолжи да тестира, под будното око на лидерот Ким Јонг Ун. Според американски разузнавачки податоци постои можност за изведување и петти нуклеарен тест.

Денес е роденденот на долгогодишниот лидер Ким Ил Сунг, кој масовно се прославува во Северна Кореја, а во 2012 беше одбежелан до обид за лансирање ракета со долг дострел кој исто така беше неуспешен.

Американското министерство за одбрана објави дека американската стратегиска команда забележала лансирање во 5:33 часот по локално време и потоа и неуспех на обидот, додека Стејт департментот ја повика земјата да се воздржи од акции и реторики кои дополнително ги креваат тензиите во регионот.

Без коментари

LEAVE A REPLY