На што најчесто се жалат потрошувачите

0
346

Според извештајот за последниот квартал, најголем број на поплаки на потрошувачите биле во врска со производи, а потоа за комуналните услуги, останатите услуги и општи случаи, каде што потрошувачите се жалеле на попусти, рекламации, интернет купување, измами и слично. Стои во извештајот на организацијата на потрошувачи на Македонија , во кварталниот извештај кој содржи информации за што се се жалат потрошувачите кај нив. Орагнизацијата ги советуваат, а бројот на лица што бараат совети постојано се зголемува велат од таму.

Потрошувачите пријавуввале проблеми со функционирањето на СИМ картичките, често губење на мрежата и намалување на вредноста на пакетот кој го имаат по спојувањето на два телекомуникациски оператори, велат од организацијата , а пак во однос на производите за лична употреба , бројни поплаки на потрошувачите им пристигнале за производи кои премногу брзо појавиле недостаток, се одлепиле, избледеле или се скинале при само неколку носења, информираат во ОПМ.

Во делот на комунални услуги, најголем број од случаите биле потрошувачи кои се жалеле на големи долгови кон одредено јавно претпријатие, закани односно за исклучување од мрежата, незаконити обиди за наплата на застарени долгови проследени со уценување на потрошувачите итн.