На Синај најдени делови коишто не му припаѓаат на рускиот авион

0
366

Експертите кои го пребаруваат местото на Синајскиот полуостров каде се урна рускиот авион, пронашле делови коишто не му припаѓаат на „Airbus А321“.

Деловите ќе бидат испратени на анализа, изјавил извор од Каиро за руската агенција ТАСС, но сé уште нема стигнато официјална информација.

Експертите за авијација и тероризам сметаат дека рускиот авион со 224 патници и членови на екипажот, најверојатно го разнела бомба која го погодила леталото од земја или била поставена во неа.

Американски сателит регистрирал топлинско сјаење над Синајскиот полуостров во моментот на падот на рускиот патнички авион во саботата утрото, што може да упатува на експлозија во резервоарот за гориво или детонација на бомба, објави американската телевизиска мрежа CBS News.

Авионот се сруши на 100 километри јужно од градот Ал Ариша на Синај и никој од 224-те патници не преживеа.

Без коментари

LEAVE A REPLY