На средба меѓу муфтијата и градоначалникот ќе се бара решение за муслиманските гробишта

0
627

На заедничака средба меѓу муфтијата и градоначалникот ќе се бара проблемот за ДУП за изградба на капела поточно цел комплекс на нови гробишта за граѓаните од муслиманска вероисповест, на кои им беше ветено дека ќе ги добијат уште минатата година. Обично за еден ДУП ако нема никаков проблем потребни се околу 6 до 8 месеци за да се реши, но доколку се работи за ДУП кој во својот офат опфаќа и делови кои што се за друга намена а се предлага трета тогаш веќе има проблем, вели градоначалникот

-Деновиве ќе одржиме состанок со Муфтијата , сеуште не знаеме кај е проблемот, претпоставувам дека е од техничка природа и ако е таков општината стои на располагање, но доколку има проблем од имотно правен аспект, од намена или пренамена на дел од парцелите кои што во ДУП биле запишани како нешто друго а сега се бара нешто трето. Тогаш тоа не може така да се реши, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола

Но не е проблемот само со ДУП, сличен проблем имало и со легализацијата.

– Има граѓани кои што ги исполнуваат сите услови да си го легализираат својот објект, меѓутоа ако со претходниот ДУП тука е предвидено улица тој услов не го исполнува и неможе да го легализира својот дом, додаде Талески

Најчесто нерешените имотно-правни односи и немањето геодетски елаборат се главните причини за долгата легализација.