На точак за Европскиот ден

0
1060

Со бели маици и на велосипеди битолчани се вклучија во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“ упатувајќи силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно со избирање на „паметен“ начин на транспорт , што би значело да се користат предностите на современиот урбан начин на живеење, но при тоа да се води сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме.

tocaci

Учесници во овој настан беа ученици од основните училишта, граѓански здруженија и граѓани.Возењето на велосипедите започна од плоштад „Магнолија“ по „Булевар 1ви Мај“ до Црн мост и назад по „Булевар 1ви Мај“ до плоштад „Магнолија“. Од општина Битола со најава дека од наредната недела ќе почне да се прави нова велосипедска патека, врз база на изработената сообраќајна студија од страна на Техничкиот факултет, ќе започне првата фаза од реализацијата на велосипедската патека.

22-09-velosipedi-still009

Годинава настанот се одржа под мотото „Паметно движење – силна економија” во кој што се вклучија и од локалниот младински Совет во Битола.