На Ципрас му е даден невозможен избор, еврогрупата сака да направи колонија од Грција!

0
138

Алексис Ципрас ќе мора да смени неколку министри во својата влада, а можеби и да распише нови избори, јави Гардијан, откако денеска во Брисел му бил даден невозможен избор – или да лета од еврозоната или да се согласи Грција практично да стане колонија на европската бирократија на чело со Германија.

Грчкиот премиер вечерва е под голем притисок да прифати дури и построги економски реформи и мерките за штедење, или неговата земја да биде истуркана од еврозоната.
Алексис Ципрас, лидерите на другите 18 држави од еврозоната и шефовите на ММФ, Европската централна банка и ЕУ се заглавени во разговори на итниот самит за да разговараат за барањето на Грција за трета финансиска помош.
Предлогот што е на маса би ја принудил Грција до среда вечер да изгласа големи промени. Ако не, ќе ѝ биде понудено „привремено излегување од еврозоната”, за да може да ги реструктурира своите долгови.
Во планот, исто така, се предлага Грција да му го предаде својот државен имот вреден 50 милијарди евра на европското тело, кое ќе го продаде за да се исплати долгот, освен ако Атина не почне да го приватизира имотот на начин на кој никогаш досега не ѝ успеало. Она што Грција најмногу ја боли е фактот дека шефовите на еврозоната сакаат да ѝ го одземат суверенитетот над сопствениот имот, зашто седиштето на фондот би било во Луксембург, а Грција не би располагала со него, туку сите одлуки би се донесувале со надзор од Европската Унија.
Пред неколку часа Ципрас бил ставен под голем притисок на средба со Ангела Меркел, Доналд Туск и Франсоа Оланд, за кои висок функционер според Гардијан рекол дека „личел на интензивен ментален вотербординг” (мачење со истурање вода врз крпа поставена на устата).
Според нацрт-предлогот, кој произлегол утрово од состанокот на министрите за финансии на еврозоната, Грција веднаш мора да ги преземе овие седум чекори:
1. Да изработи нацрт за измените на стапката на ДДВ
2. Да ја прошири даночната основа
3. Да постигне одржлив пензиски систем
4. Да усвои закон за граѓански парници
5. Да ја заштити правната независност на грчката ЕЛСТАТ – завод за статистика
6. Целосно спроведување на автоматски намалувања на трошоците
7. Да ја имплементира европската директива за банките, која пропишува како државите ќе се однесуваат кон загрозените финансиски институции.
www.mkd.mk