На турско-ирачката граница 12.000 цистерни со шверцувана нафта од ИСИС

0
550

Руската разузнавачка служба снимила речиси 12.000 нафтени цистерни на турско-ирачката граница на преминот во реонот Захо, изјави генералот Сергеј Рудској.

„Во моментот на снимањето во областа Захо од двете страни на турско-ирачката граница имаше 11.775 нафтени цистерни и камиони, од кои 4.530 на територијата на Турција и 7.245 во Ирак“, изјави за новинарите Рудској, началник на главната оперативна управа на Генералштабот на вооружените сили на Русија.

На турската територија нафтата влегува преку граничниот премин во Захо.

Генералштабот ја опиша новата траса на шверц на сириската нафта на терористите на ИСИС: камионите по најкраткиот пат влегуваат во Ирак, а потоа се префрлаат во Турција.

Без коментари

LEAVE A REPLY