На улица во Манчестер се отворила дупка длабока 12 метра

0
227

На една од најпрометните улици во Манчестер се создала дупка длабока 12 метра како последица на обилните врнежи на дожд, јавува Би-би-си. Дупката е широка 4 и длабока 12 метра.

Во само шест часа во Манчестер паѓало дожд колку што не паѓа во временски период од две недели.

Гелологот Најгел Кесиди изјавил дека под патот се наоѓа мек талог, кој станува се послаб, по константна влажност и врнежи.

Патот ќе биде затворен во текот на викендот, а кога повторно ќе биде пуштен зависи од тоа за колку време ќе се санира. Тоа би можело да создаде проблеми зошто оваа недела Манчестер Сити ги очекува Челзи на натпревар на својот стадион, а овој пат е главниот што води кон стадионот.