Начи Шенсои како тренер на Пелистер ќе дебитира в недела

0
486

Искусниот стручњак Начи Шенсои од синоќа е нов тренер на ФК Пелистер. Стручњакот од Косово денес ги имаше првите средби и контакти во клубот, а го одржа и првиот тренинг со пелистерци.

Шенсои ја презема екипата по пријателскиот натпревар против ЦСКА Софија во саботата, а ќе дебитира в недела против Победа.

Косовскиот стручњак ќе биде официјално претставен на прес-конференција следната недела. Поранешниот тренер Наум Љамчевски ќе остане и ќе работи во академијата на клубот како координатор.