Над 1.000 делови од Airbus А350 XWB се произведени со 3-Д принтер

0
104

Повеќе од 1000 делови од авионот А350 XWB се произведени со 3-Д принтер, пишува Ingenieur.de.

Во јули минатата година Airbus првпат оствари пробен лет со летало што содржеше тродимензионално отпечатен дел. Очекувањата на Airbus беа дека ќе успее да премине кон сериско производство две години подоцна.

Уште во декември 2014 година авионскиот концерн доставил до авиопревозникот Qatar Airways авион Airbus 350 XWB, кој содржел повеќе од 1.000 печатени елементи, соопштува компанијата Stratasys.

Та ги произвела машините за производствениот процес, кои очигледно ги минале тестовите за безбедност и екологија со молскавична брзина.

Патентираниот материјал ULTEM 9085, што се користи, не само што е исклучително цврст, туку и одговара на барањето за внатрешните простори на леталата. Тоа значи дека е огноотпорен и е безопасен по здравјето.

Методот за 3-Д печатење му дава можност на Airbus да ги запази роковите за достава на новите модели на А350, посочуваат од Stratasys.

Оваа компанија не открива точно кои делови на авионот се печатени.