Над 10.000 цивили побегнале од Источно Алепо за последното деноноќие

0
572
Smoke rises after airstrikes on the rebel-held al-Sakhour neighborhood of Aleppo, Syria April 29, 2016. REUTERS/Abdalrhman Ismail

Според лондонската Сириска опсерваторија за човекови права повеќе од 10.000 цивили побегнале од источните делови на Алепо во последните 24 часа кон квартовите кои се контролирани од сириската влада, пренесе AFP.
“На овој начин бројот на граѓаните кои избегале од источните делови на градот по почетокот на операцијата на владините сили и достигна до 130 илјади. Души”, сметаат од опсерваторијата.

Инаку, владините сили го презедоа источниот кварт на Алепо “Шеик Сајед” од опозицијата по цела ноќ борби. Тоа значи дека опозицијата загубила повеќе од 90% од териториите во градот, кои претходно ги контролираше.

Без коментари

LEAVE A REPLY