Над 100 мртви во поплавите во Пакистан

0
298

Бројот на жртвите од тринеделните поплави во Пакистан надмина сто лица, објавија во неделата властите стравувајќи дека новите дождови може да загрозат уште повеќе луѓе.

Најновите поплави однеле 109 животи и погодиле 700.000 луѓе, објавија службите за справување со природни стихии. Воената инженерија ги обновила патиштата и мостовите во планинскиот север на земјата за да им се овозможи на спасувачките екипи да дојдат до селата коишто со седмици беа изолирани.

Реката Инд, која извира на Хималаи и се влева во Арапското Море, ја потопи покраината Синд, изјави за агенцијата DPA директорот на метеоролошкиот завод Ѓулам Расул, и додал дека се очекуваат нови обилни врнежи. Околу 350.00 луѓе се евакуирана од бреговите на Инд во последните два дена, додал.

Речиси 400 луѓе загинаа, а илјадници хектари земјоделско земјиште се уништени во поплавите во минатогодишната сезона на монсуни, која трае од средината јули до крајот на август./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY