Над 1000 учесници на 47-то издание на Илинденски денови

0
1063

Во сабота на 29 ти јули ќе започне еден од најстарите фестивали, Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ кој оваа година ќе го има своето 47-мо издание.

-Овој фестивал е чувар на нашата богата македонска традиција. Ќе се реализира во стандардниот термин од 29 јули до 1 август, во очи на големиот национален и верски празник Илинден. Оваа година како и изминатите  изданија, концептот на фестивалот е истиот, имаме две вечери на традиционална музика и игра кои ќе се организираат на ракометното играиште, потоа староградската вечер во старата битолска чаршија и на крај фолклорен спектакл со гостите од странство, кои оваа година доаѓаат од Чиле, Чешка, Словенија, Хрватска, Грција, а на последната вечер ќе настапи и ансамблот „Македонија“-истакна  Борче Димитровски, директор на Центар за култура Битола.

Оваа година фестивалот ќе има над 1000 учесници кои доаѓаат од 5 странски држави и од Македонија. Фестивалот ќе има и придружна програма, со која ќе се разигра битолската чаршија, ќе има ора на Широк Сокак, Ехо од дамарите во Магазата, семинарот кој редовно секоја година се одржува, изложба на Панде Петровски и други содржини.

 

Без коментари