Над 1000 првачиња во Битола во новата школска година

0
2954

Заврши првиот уписен рок за првооделенците, бројката иста како ланската. Над 1000 првачиња на 1- ви септември ќе седнат во училишните клупи. Сите родители чии што деца се родиле во 2011 и 2012 година се одзвале на повикот за упис во прво одделение за учебната 2017 /2018.

-Според списокот од МВР бројката е слична на бројката од минатата година 1057 првачиња. До сега сите првачиња се запишаа во првиот упиес рок, некои од нив беа упатени и кај психолог и педагог. Уписот е направен според реонизацијата,и според одлуката на Советот на општина Битола. Во месец авгус ќе има повторно запишување, изјави Снежана Петровска советник за образование во општина Битола.

На повикот за упис во прво одделение според реонизацијата не се јавиле само родителите кои што како што вели Петровска најверојатно се иселиле.