Над 120 мртви во земјотресот во Италија

0
446

Како што изјави градоначалникот на Аматриче, едно од најпогодените места во регионот Лацио, Серџо Паццоли, само во оваа општина бројот на жртвите ги надминува засега официјалните податоци на цивилната заштита, којашто неколку часа порано објави за 73 жртви, но истакна дека не станува збор за конечна бројка.

„Загинаа 75 луѓе и уште 100 се водат за исчезнати“, изјави за телевизијата Паццоли,

Според извори во спасувачката служба, бројката на жртвите се изразува во повеќе десетици и во блиските градови во регионот Марке. Така, во градот Пескара дел Тронто веќе е објавено за 30 жртви, додека во соседната Арквата дел Тронто за 24 жртви, според исиот извор

Според ова, вкупно во погодените подрачја има најмалку 129 загинати. Официјалната страница на Службата за цивилна заштита се уште не ги обнови своите податоци и на неа стои 73 жртви, но нема податоци за поведени и исчензати.

Инаку, Италија, поради својата географска положба, е постојано потресувана од земјотреси. Во 2009 година имаше голем земјотрес во Л’Аквила, во кој загинаа над 300 лица.