Над 15 000 средношколци денес полагаат мајчин јазик и литература

0
506

Со испитот по предметот мајчин јазик и литература за матурантите денес започна полагањето на државната матура која ја полагаат над 15 000 средношколци.

Учениците од завршните години денеска го полагаа задолжителниот предмет од државната матура, мајчиниот јазик. Уште пред закажаниот термин пријавените за испитот дојдоа во училиштата каде учат, а професорите ги распоредија во училниците. Тестовите коишто рано утрото беа дистрибуирани во училиштата им беа поделени на матурантите, полагањето започна во 10 часот вели директорката на Државен испитен центар, Мируше Амети. Додава дека полагањето, започнало точно во закажаниот термин, тестовите навреме се однесени во  средните училишта. Очекува државната матура да се реализира без пречки, за која во процесот вклучени се училишните комисии, тестатори, вработени во центарот, набљудувачи