Над 15 преживеани во авионската несреќа

0
540
Brazil's Chapecoense team pose before their Copa Sudamericana semifinal first leg football match, against Argentina's San Lorenzo at Pedro Bidegain stadium, in Buenos Aires on November 2, 2016. / AFP / EITAN ABRAMOVICH (Photo credit should read EITAN ABRAMOVICH/AFP/Getty Images)

Информациите од Колумбија велат дека над 15 лица што биле во авионот кој патувал за Меделин успеале да преживеат и дека пилотот е заслужен за тоа бидејќи донел одлука да го испушти горивото пред авионот да се сруши. Со оглед на тоа што се појавиле проблеми со електрониката, немало избор и било јасно дека ќе дојде до рушење. Несреќата се случи на 50 километри до Меделин, а пред падот на авионот пилотот го испуштил горивото за да се избегне експлозија при падот на авионот.

Од аеродромот „Рионегро“ веќе излегоа со официјална информација околу авионската несреќа. Околу 22 часот по локално време била објавена вонредна ситуација на авионот кој патувал од Санта Круз (Боливија) кон Меделин. Причината била дефект во електрониката и набрзо после ова авионот се губи од радарот.