Над 150 фотографии од Бит фест на Сашо Ристевски

0
325

Во културниот центар Магаза, беше отворена изложба на фотографии на фоторепортерот Сашо Ристевски. Изложбата понуди можност за прошетка низ сите случувања во текот на единаесеттото издание на БИТ ФЕСТ.

– На изложбата има 150 фотографии од над 200 настани на годинешниот Бит фест. Тешко беше да се изберат овие фотографии што се тука од сите кои ги направив, но мислам дека направив одличен избор- вели Ристевски.

Фестивалот го организира Општина Битола во соработка со културните институции од градот, а под покровителство на градоначалникот, д-р Владимир Талески.
Битолското културно лето, Бит Фест, претставува културно раздвижување на градот, внесува посебна енергија и динамика на летниот период во Битола.

 

Без коментари