Над 160 убиени луѓе и над 200 ранети во Париз

0
498

Француската Влада непрекинато заседава додека на улиците на Париз се ангажирани 30.000 полицајци по ноќнешните напади чиј трагичен биланс е над 160 убиени луѓе и над 200 ранети. Според досегашната истрага се смета дека терористите се обучувани на домашен терен, во Франција. Аналитичарите оценуваат дека нападот во Париз според бројот на локации и неопходната логистика за да биде изведен бил покоординиран и од нападите на 11 септември во САД.

Француската полиција истакнува дека сите напаѓачи се убиени, но некои соучесници се уште на слобода. Покрај полицијата, која побара граѓаните да останат во своите домови – на сила е вонредна состојба, дополнително се мобилизирани 1.500 војници за да помогнат во обезбедувањето на Париз.

Во вчерашните напади најмногу загинати има во концертната сала Батаклан, каде животот го загубиле 80 луѓе, а од другите пет напади, четири беа во ресторани и еден во шопинг центар. Неколку експлозии одекнале и блиску до стадионот Стад де Франс, во тек на пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Франција и Германија. Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, присуствувал на натпреварот од каде беше евакуиран. Сочуство до семејствата на жртвите на нападите и остра осуда на овој терористички акт изразија Барак Обама, Ангела Меркел, Владимир Путин …