Над 20 кандидати за ад- хок телото и МРТ

0
447

Над дваесет лица се пријавиле на конкурсот кој СДСМ го објави за избор на кандидати за ад- хок телото за регулација на медиумите и позицијата  главен и одговорен уредник на јавниот сервис.

По ова следуваат консултации со новинарските здруженија, по што СДСМ ќе го предложи својот кандидат за регулаторното тело и за МРТВ.
„Очекуваме дека токму преку ова тело ќе создадеме минимум услови за фер и слободни избори. На Македонија и се потребни професионалци кои ќе се ангажираат во оваа област“, изјави Љупчо Николовски од СДСМ
Меѓу пријавените дваесетмина, нема членови на МАН, потврдија од асоцијацијата. Велат дека ќе учествуваат на консултациите доколку учествуваат партиите потписнички на договорот и новинарските здруженија.
„Ние се залагаме за компромисно решение, меѓутоа наши членови ќе пријавиме на конкурсот кој ќе го објават надлежни институции“, велат од МАН.
Ниту ЗНМ не пријавиле свои членови на конкурсот на СДСМ. Оттаму велат дека остануваат на својот став, кој го соопштија веднаш по објавувањето на пржинскиот анекс.
Според нив, постигнатиот договор за медиумите нема да го департизира јавниот сервис, а не прифаќаат ниту ад- хок тело со членови на предлог на партиите.