Над 200 загинати во човечко стампедо во Мека

0
1565

Саудиските власти соопштија дека над 200 луѓе загинале, а 400 други биле повредени во метежот и стампедото во близина на исламскиот свет град Мека. Стампедото се случило за време на одржувањето на големиот обред за празникот Курбан Бајрам. Стотици илјади луѓе се наоѓаат во тоа подрачје каде што фрлаат камења врз симболичната претстава на ѓаволот. Ова е втора голема трагедија во Саудиска Арабија во текот на еден месец. На 11 септември во џамијата во Мека загинаа 111 луѓе кога врз нив паднал еден кран.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY