Над 200 загинати во земјотресот во Еквадор

0
546

Во Еквадор во тек се спасувачките операции за извлекување на заробените под урнатините, откако јужноамериканската држава беше погодена од најсилниот земјотрес во последните неколку децении, при што загинаа над 200 луѓе, а стотици се повредени.

Вчера земјотрес со магнитуда од 7,8 степени удри во близина на еквадорскиот пацифички брег, 170 километри северозападно од престолнината Кито, предизвикувајќи смрт и уништување во Манта, Портовиехо, Педерналес, Гајакил и други крајбрежни градови и села.

Бројката на загинати се искачи на 233, соопшти еквадорскиот претседател Рафаел Кореа. „Целата земја е мобилизирана. Му благодариме на целиот свет за солидарноста“, напиша тој на Твитер.

Над 1.500 луѓе биле повредени во земјотресот, јавија еквадорските власти.