Над 300 загинати во земјотресот во Ирак и Иран

0
190

Над 300 лица загинаа, а околу 2.500 беа повредени по земјотресот во североисточниот дел на Ирак и пограничните области во Иран.

Ударот од 7,3 степени се почувствува и во југоисточна Турција. Иранските власти предупредуваат дека бројот на жртвите, најверојатно, ќе се зголеми.

Помош и засолниште побарале околу 70 илјади луѓе. По првиот потрес, имало 12 последователни со интензитет од околу 4 рихтери.