Над 40.000 спорни гласачи ќе се проверуваат дополнително

0
258

Анкетарите на ДИК при теренската проверка оствариле директен контакт само со  35 илјади и 500 од вкупно 87 илјади  избирачи.

46 илјади, од различни и во повеќе случаи неутврдени причини, не се пронајдени дома и самите не се јавиле во подрачните одделенија.

Најголема недоверба има кај прашањата поврзани со живеалиштето.

Ќе се проверува дали ненајдените гласачи се починати, иселени, дали се сопственици на посочениот имот, дали имаат друга адреса, дали адресите се непостоечки, во урнати објекти или  во јавни установи.

Ќе се проверуваат и одговорите дека отсутниот е на студии, во болница, во затвор, на гости или на некое друго место.